Боби Спасенцовски
Биографија
Боби Спасенцовски професионално започнува да пее од 2006 год. на Фолк Фест „Валандово“ со песната „Машко срце вљубено“ и истата година на роса фестивалот со песната „Одбирам две“. Веднаш е забележан од пошироката јавност и неговата кариера од тогаш се движи по нагорна линија. Има соработка со врвни автори и инструменталисти од македонската фолк естрада. Неговата песна „Кажи му“ достигнува голема слушаност и за оваа песна снима и спот кој го промовираше во ресторанто „Имес“ на почетокот од 2009 год. и е одлично примен кај публиката. Во подоготовка е и првтиот албум кој се планира да излезе на почетокот од Септември. Боби е пејач со одличен глас, стас и е одличен шоумен.







