Чардаш

[ букирај ]

Биографија Почетоците на групата датираат од 1998 година. Освен по скопските угостителски објекти, групата е присутна и на разни други свечености и настани: свадби, коктели, приеми по амбасади, домашни прослави, телевизиски емисии и други места, каде што освен со акустични инструменти, по потреба музичарите користат и професионални електрични инструменти и озвучување. Во такви прилики групата се појачува со тапанар и солист на дувачки инструменти.
Во времето кога Амбасадор на ЕУ во Македонија беше португалецот Пинто Тешеира, групата \"Чардаш“ беше прогласена за официјален оркестар на Амбасадата на ЕУ.
Освен во Република Македонија, групата настапувала и надвор од границите на државата и тоа во: Словачка-Кошице, Високи Татри и Братислава, Бугарија-Пазарџик и Хрватска-Загреб.
Во 2003 година групата го издава првото ЦД со снимени македонски староградски песни во продукција на Македонската радио-телевизија. Групата \"Чардаш“ во 2006 година го издава и второто ЦД, овој пат со инструментална музика. Во подготовка е снимањето на третото ЦД и тоа со интернационални песни.
Повеќе информации можете да најдете на нивната официјална страна: www.cardas.com.mk


Фото Галерија


Членови на Групата

Драган Јовановиќ - Gajo( виолина)

Душко Божиновски - Дуле( хармоника)

Васил Потиров - /( жичани инструменти)

Спасе Попов - /( гитара)

Златко Бојаџиев - Бимбо( контрабас)