Фортуна

[ букирај ]

Биографија Групата е формирана во 2005 година и е составена од висококвалитетни музичари, со големо искуство и долгогодишна присутност на македонската фолк естрада. Квалитетот на „Фортуна“ го докажува и фактот што оваа група можете да ја видите на сите македонски фолк фестивали (Валандово, Цветници, Филиграни, Охридски Трубадури, Тетовски Фолк Фест), како фестивалска придружна група, но исто така настапува и со свои песни (Валандово, Филиграни). Новица, соколовски, Милан Кацарски и Дарко Димитриевски зад себе имаат и самостојни албуми (ЦД), а групата засега има еден заенички проект составен од стари македонски но и новосоздадени песни.


Фото Галерија


Членови на Групата

Новица Соколовски - Бонко( кларинет и саксофон)

Милан Кацарски - Кацар( сајзер и хармоника)

Љупчо Соколовски - Бубе( клавијатури)

Дарко Димитриевски - Даре( вокал и бас гитара)

Ристе Плуковски - /( тапани)