Молика и Анета
Биографија
Групата Молика е формирана уште во 1992 година. Во текот на сите овие години има издаденo три албуми со македонски новокомпонирани и обработки на стари народни песни. Како позабележитенли настапи можат да се споменат оние на Валандово, Охридски трубадури и на повеќе фестивали во Битола. Групата Молика има освоено и повеќе награди од стручно жири, публика и награди за интерерпретација. Имаат голем репертоар, од Македонска народна музика, забавна, турбо фолк, евергрин и странски хитови.
Исто така оваа група има гостувано во повеќе земји во светот како: Австралија, Германија, Швајцарија, Шведска, Австрија, Бугарија Америкa.
За сите вљубеници во нивната музика информација дека можат да ги видат и слушнат во живо на редовните настапи во Хотел-ресторан Капри во Битола.
Членови на Групата
Анета Мицевска - ( вокал)
Стив Штуревски - ( вокал)
Александар Талевски - ( тапани)
Горан Пиловски - ( кларинет и саксофон)
Зиса Пуровски - ( сајзер и хармоника)
Џими Мицевски - ( клавијатури)
|






