Васил Атанасов

[ букирај ]

Биографија Дипломирал на Музичката Академија во Скопје, со трубата има настапувано со повеќе групи, а сериозно во народната музика завлегува кон крајот на 80тите, и од тогаш па наваму е активен на ова поле. По дипломирањето ја снима првата грамофонска плоча заедно со оркестарот на Ферус Мустафов. Почнувајќи од 1988 година кога се појавува како композитор на Фолк Фест Валандово, од следната 1989 го гледаме и како пејач, традиционално секоја година настапува на овој фестивал. Во 1993 година го прави хитот„ Сите пeат, а јас тагувам“ и таа година поминува во знакот на Васил Атанасов. Во Септември 1995 година заминува за Германија,каде што настапува по македонски клубови, на разни веселби и прослави. Најчесто настапува сам, но исто така и заедно со колеги кои живеат во Германија. Во Август 2006 год. излегува и првото ДВД издание од Васил Атанасов, насловено како „Бегај дома“, а на истто се наоѓаат 7 видео спотови. Моментано работи на неговиот 4ти по ред албум и настапува на многу прослави кај нашите иселеници во Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, а кога е на одмор може да се види во родната Струмица. Многу повеќе за Васил Атанасов можете да дознаете на неговата матична веб страна http://www.vasil-atanasov.de.tl


Фото Галерија