Хумор :)
Ако не можете еден без друг, венчајте се. Тогаш ќе можете.
Хумор :)
Имаше еден дечко кој велеше дека ако треба ќе помине низ пекол за својата сакана...сега се во брак и поминува низ пекол секојдневно.
Хумор :)
Велат дека кога мажот ја држи раката на жената пред бракот – тоа е љубов. А во бракот тоа е самоодбрана.
Хумор :)
Синот: Тато вистина ли е дека во Античка Кина мажот не ја познавал сопругата пред свадбата? Таткото: така е секаде сине...СЕКАДЕ.
Хумор :)
Синот: Тато колку чини да се ожениш? Таткото: Не знам, уште плаќам за тоа...
Хумор :)
Бракот е живот полн со возбуди и фрустрации: Во првата година мажот вика – жената слуша. Во втората година жената вика – мажот слуша. А во третата година и двајцата викаат а соседите слушаат.
Хумор :)
Бракот значи љубов. Љубовта е слепа. Значи бракот е институција за слепи луѓе
Хумор :)
Љубовта е еден долг сладок сон...а бракот будилник со аларм.
Хумор :)
БРАК не е збор...тоа е казна...доживотна казна
Меден месец
Топ 3 дестинации за Меден месец се: 1.Кариби (31%) 2.Хаваи (15%) 3.Мексико (15%)
Невести
Просечна старост на невестите е помеѓу 27 и 29 години.
Веридба
19% од Веридбите се случуваат во месец Декември.
Најдолга веридба
Судејќи по Гинисовата книга на рекорди, најдолгата веридба траела 67 години. Среќниот пар се венчал во 82 година од животот.
Стар Рим
Јуно, кралицата на небото и нејзиниот партнер Јупитер (познат како Зевс – крал на боговите) управуваат со бракот, срцето и раѓањето на детето. Месецот Јуни го добил името по оваа божица и станал најпогоден месец за склопување на бракови.
Љубов преку жица
6% од мажите ги запросиле своите девојки преку телефон.
На колена
Еден од пет мажи ја запросува својата девојка клечејќи на колена.
Утрински бакнежи
Истражувањата покажале дека мажите кои ги бакнуваат своите жени пред одењето на работа секое утро, остваруваат поголем приход од оние кои не го прават тоа. Мажите кои практикуваат ритуални нежности се постабилни, пометодични, поотпрни на болка и со самото тоа поспособни да остварат поголема заработка. Студиите укажуваат на тоа и дека мажите кои ги бакнуваат своите жени секое утро, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.
Прва љубов
Двајца од пет луѓе се венчаат со својата прва љубов
Колку трае веридбата
Просечниот веридбен стаж изнесува 6 месеци
Романса на пауза за кафе
Преку 10.000 бракови годишно се резултат на љубов настаната за време на паузата за кафе.
Најдолг брак
Лиу Јунг и неговата сопруга се сметаат за брачен пар со најдолг брачен стаж. Овој пар од Тајван во 2003 година ја прославил осумдесет и шестата (86) годишнина од бракот, влегувајќи во Гинисовата книга на рекорди.
Веридбен прстен
Праксата на давање или размена на веридбен прстен почнала во 1477 година кога римскиот империјатор Максимилијан и дарувал на Марија Бургундска, дијамантски прстен за веридба.
Формално или неформално
80% од невестите планираат формална венчавка
Популарно е да се биде баксузен
Сабота, најпопуларниот ден за венчавки, според англискиот фолклор претставува најбаксузниот ден за венчавка.
Вел – најстара традиција
Обичајот невестата да носи вел, потекнува од стариот Рим. Тогаш велот бил во огнено жолта боја и се викал flammeum
Нешто сино
Во обичајот невестата да носи „нешто старо, нешто позајмено, нешто сино“, нешто сино претставува симбол на кралската „сина крв“, бидејќи порано младенцие се сметале за крал и кралица на денот на венчавката.
Зошто венчалниот прстен (бурмата) се носи на до-малиот прст
Обичајот да се носи бурмата на до-малиот прст потекнува од древниот Египет. Старите египјани сметале дека „љубовната вена“ започнува од тој прст и оди право до срцето.

